Пешиќ: Тешко е кога не сте воиграни, ако сакаме на Светско мора секој натпревар да биде како последен

Кошаркарите на Србија по првата рунда квалификации за Светското првенство 2023 се најдоа во тешка ситуацијата откако натпреварувањето го завршија со половичен скор од 3-3, а во следната фаза во која ќе се соочат со Грција, Турција и Велика Британија пренесуваат само една победа.

Настапот на Светското првенство „виси“, а по поразот од Белгија во Ниш разочарувањето не го криеше селекторот Светислав Пешиќ кој се осврна кон недостатокот на подготовки за „прозорците“.

„Нашата ситуација беше вонредна и пред овој „прозорец“ и ништо не се промени. Дали истата ќе доведе до тоа играчите и тренерите со добри подготовки заедно да го компензираат недостатокот на воиграност? Веќе кажав некои работи, но тоа постојано се префрла дека барам причина и алиби. Ние сме еуфорични и во една и во друга ситуација. Знам каде се наоѓаме, ќе биде тешко, но тоа го говорев и пред почетокот на „прозорците“. Нашата ситуација е алармантна, не можеме да сметаме на сите играчи, да не кажам на најдобрите. Немаме доволно време за било какви подготовки и тоа се виде и на овој натпревар. Имаше добри работи, но и многу грешки, грешки на тренерите и играчите и тоа е составен дел од играта“, вели Пешиќ.

Настапот на српските кошаркари во елитните натпреварувања во Европа и САД постојано го ограничува ростерот, а голем проблем е невоиграноста на тимот.

„Немавме континуитет и тоа беше видливо и во Летонија. Игравме добро до еден момент и потоа изгубивме сила, правевме грешки во напад, во одбрана, премногу загубени топки, а ако играш против еден тим како Летонија која игра две години заедно… Јас толку лош тренер не сум, но како да ви кажам. Да го воиграме тимот за толку кратко време со толку различни играчи од различни клубови е многу тешко. Притоа играте со Белгија која цел натпревар го одигра на високо ниво. Тоа не е Шпанија, Франција или Словенија, но Белгија има воиграност. Ние за жал немаме. Пробавме со нови играчи тоа да го надоместиме, но не успеавме. Ако сакаме да oдеме на Светско првенство мораме секој натпревар да го играме како последен, секој мора да го добиеме. Треба да се бориме за тоа. Ќе имаме повеќе време за подготовка, да се подготвиме за тие натпревари во последната недела од август. Потоа доаѓа Евробаскет, а по него ќе видиме“, додава искусниот стратег.

Се вчитува...