Пешиќ: За Милојевиќ едноставно не постоеше изгубена топка

Селекторот на српската кошаркарска репрезентација Светислав Пешиќ проговори за починатиот Дејан Милојевиќ.

Српскиот тренер и поранешен кошаркар почина во средата вечерта на 47-годишна возраст од срцев удар. Селекторот на Србија вели дека за Милојевиќ едноставно не постоела изгубена топка.

„Не знам што да кажам, кога слушнав дека починал бев шокиран. Искрено, никогаш не би помислил за него дека вакво нешто може да му се случи. Тој беше толку силен човек, во секоја смисла. Да, тој беше дел од репрезентацијата во 2001 година, кога го освоивме златото во Истанбул. Она по што ќе го паметам е дека никогаш не се откажуваше. Начинот на кој играше кошарка зборуваше најдобро за него. Неговата најголема доблест беше што нема загубена топка за него тој беше страшен борец. Затоа ми е неверојатно, невозможно е таков борец да замине. Сите сме во шок“, изјави Пешиќ.

Се вчитува...