Пешиќ заплака пред камерите: „Ова се е за Бориша…, за малку ќе го загубевме“ (ВИДЕО)

Србија повеќе од убедливо во доминантна игра славеше против Литванија на Мундобаскетот обезбедувајќи полуфинале и битка за медал меѓу најдобрите во светот.

Посебно емотивен по мечот беше селекторот Светислав Пешиќ, кој не можеше да ги сокрие солзите во моментите на потсетување на драмата со Бориша Симаниќ, кој по повредата на дуелот со Јужен Суадан беше итно опериран губејќи еден бубрег.

„Држи се Бориша“ – рече со солзи во очите пред камерите селекторот Пешиќ испраќајќи и прегратки за Симаниќ.

На прес-конференцијата потоа опиша низ што се како репрезентација минале изминативе денови. Целата ситуација со Симаниќ била и повеќе од драматична затоа што немало кој да го оперира во болницата во Манила бидејќи на главниот хирург му било завршено работното време, па од Кошаркарскиот сојуз на Србија „преку врски“ морале да дојдат до лекарот. За цела среќа, на крај се минало во ред, а најголемата заслуга за тоа оди на лекарот на репрезентацијата Драган Радованиќ. По две операции кои не вродиле со плод, на крај со трета интервенција морало да биде отстранет бубрегот. Но, Симаниќ сега е добар и дури утрово испратил порака до репрезентативните соиграчи дека и тој е цело време со нив во мислите со желба за триумф над Литванците.

„Тие моменти беа катастрофа за нас. Никому не би посакал такво нешто, можевме да го загубиме, часови беа во прашање. Тој е едно прекрасно момче, како баш нему тоа да му се случи, многу ми е жал. Имавме среќа, па професорот Радовановиќ е еден извонреден доктор и среќа тој е тука со нас. Не знам што можеше да се случи да не беше тој тука. Не сакам да претерувам, но животот се спаси затоа што Симаниќ успеа како спортист да го издржи сето тоа, а потоа и на лекарот. Сега состојбата на Бориша оди на подобро и тоа е најважно“ – истакна Пешиќ на прес-конференцијата.

Се вчитува...