Масимо Одо повеќе не е тренер на Пескара откако раководството на „фенерџијата“ во Серија А реши да му врачи отказ на овој млад стратег. Поразот од 5-3 од Торино, меч во кој Пескара имаше негатива од 5-0, очигледно ја прели чашата од незадоволство кај челниците и навивачите на овој клуб, кои се решија да ја прекинат соработката со поранешниот дефанзивец на Лацио и на Милан.
„По разговорите кои беа водени во текот на вчерашниот и денешниот ден донесовме одлука за прекин на соработката со Масимо Одо. Се надеваме дека со оваа одлука ќе се разбуди групата на играчи, се со цел повеќе да не се повторуваат вакви слаби изданија како што тоа беше случај во последните неколку натпревари. Му посакуваме на Одо многу среќа при следните тренерски ангажмани“ – се вели во соопштението на Пескара.
Пескара по 24 одиграни кола има освоено само девет бода и сигурно се сели во Серија Б.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА