Гого Јовчев, тренерот на голманите на македонската фудбалска репрезентација денеска го слави својот 43-ти роденден. Текот на настаните сакаше да биде речиси целиот ден во друштво на фудбалерите, стручниот штаб на репрезентацијата и раководството на федерацијата. За него, вели, еден од најубавите родендени – еден ден по победата над Лихтенштајн во Вадуз.
„На одличен начин го славам 43. Роденден. Во друштво на колегите од стручниот штаб и репрезентативците на Македонија. Душата ми е исполнета, синоќа победивме. Мислам дека можеме до победа и против Белорусија во вторник. Покажавме доминантна игра, а Столе Димитриевски беше на ниво и си ја заврши добро работата, иако Лихтенштајн не создаде многу шанси” – вели Гого Јовчев.
Македонската репрезентација “заглави” на аеродром во Цирих, но според последните информации во 16:45 часот, со нов лет, се враќа во Македонија. Се дотогаш и тоа како им е забавно минувајќи ги часовите со роденденски песни за Гого Јовчев…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА