Струга Трим и Лум во еден интересен натпревар со пет гола и два црвени картони славеше во контролниот дуел против Пелистер со 2-3. Битолчани поведоа со 2-0 со головите на Талески во 19. и Рамзоски во 22. Сепак, стружани заиграа подобро и стигнаа до триумф со головите на Скендери во 39, Босанчиќ во 59. и Миленкоски во 61. минута.
За издвојување се и двата црвени картони на Илиевски и Таири кои ги добија на стартот на вториот дел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

