Пет голови на „Стемфорд Бриџ“, седум на „Енфилд“ во победите на Челси и Ливерпул

Челси им се врати на победите во Премиерлигата откако во 14. коло славеше на домашен терен против Брајтон со 3-2 во натпревар во кој силите второто полувреме го одиграа со играч помалку.

Челси стигна до предност од 1-0 во 17. минута преку Енцо Фернандеш, а само четири минути подоцна Колвил одново ја затресе мрежата за 2-0. Буонаноте намали на 2-1 во 43. минута со прекрасен гол, а Челси остана и со играч помалку пред самиот крај на првото полувреме откако втор жолт картон заработи Галагер.

„Сините“ одолеаја на налетот, а Мудрик успеа да се избори и за пенал по контра напад на Челси. Енцо Фернандеш беше успешен од белата точка за 3-1, а конечните 3-2 ги постави Педро во 92. минута.


Ливерпил забележа нова победа откако славеше на домашен терен против Фулам со 4-3 во натпревар во кој „црвените“ два пати имаа водство, но мораа преку пресврт да стигнат до трите бода.

Голеадата започна уште во 20. минута кога мрежата ја затресе Александер-Арнолд, но предноста на Ливерпул траеше само четири минути бидејќи Вилсон донесе изедначување. Мек Алистер одново ги доведе „црвените“ во водство со гол во 38. минута, но Тете се погрижи двата тима да заминат во соблекувалната со изедначен резултат стрелајќи во третата минута од судиското продолжение.

Фулам успеа и да поведе преку Де Кадрова во 80. минута, но Ендо и Александер-Арнолд ја затресоа мрежата во 87. и 88. минута за пресврт победа на домаќините.


Лондонското дерби помеѓу Вест Хем Јунајтед и Кристал Палас заврши со реми од 1-1, а ремизираа и Борнмут и Астон Вила со 2-2.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...