Пет лица осудени на затвор поради нередите пред мечот Ајакс – Макаби

Окружниот суд во Амстердам ги осуди петтемина обвинети на затворска казна до шест месеци за насилство во ноември во врска со фудбалскиот натпревар од Лигата на Европа меѓу холандски Ајакс и израелски Макаби од Тел Авив.

Немирите, кои предизвикаа меѓународен гнев и обвинувања за намерни антисемитски напади, испратија пет лица во болница, а 20 беа полесно повредени. Приведени се повеќе од 60 лица.

Судот осуди еден на шест месеци затвор, на друг на два и пол месеци, а на двајца на еден месец затвор. Петтообвинетиот добил 100 часа општокорисна работа.

На фудбалскиот натпревар се случија серија насилни инциденти меѓу пропалестинските демонстранти и израелските фудбалски навивачи. Мораше да реагира и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој понуди да ги евакуира приврзаниците на Макаби. 

Се вчитува...