Порто на македонскиот голман Никола Митревски ни по седмото коло во Лигата на Шампионите не се израдува на победа. Овој пат од португалскиот тим подобар беше Магдебург кој без маки славеше на домашен терен со 41-36.
Македонскиот интернационалец мечот го заврши со пет одбрани од 26 обиди упатени кон неговиот гол.
Покрај Магдебург на победа се радуваше и Кијелце кој на домашен терен славеше со 37-33 против Елверум, забележувајќи ја шестата победа во сезоната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА