Македонскиот репрезентативец Војдан Стојановски го одигра последниот натпревар во дресот на По Ортез, и веќе од утре се сели во редовите на Гравелин останувајќи во францускиот шампионат.
Во последниот свој натпревар во дресот на По Ортез, Стојановски постигна пет поени за 22 минути игра на дуелот против Монако кој неговиот досегашен клуб го загуби со 76-89. Покрај петте поени македонскиот кошаркар запиша и три скока и една асистенција.
По 19 одиграни кола, и ефект од осум победи и 11 порази, По Лак Ортез е на 11.место на табелата во ЛНБ лигата на Франција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА