Долгогодишниот македонски репрезентативец Петар Ангелов – Диви е најновиот случај на коронавирус во мак-ракометот, објави вечерва неговиот клуб Пролет.
„Нашиот чувар на мрежата не беше во тренажен процес во последниот период поради болки во коленото, но по појавата на првите симптоми Ангелов беше тестиран, по што денеска доби позитивен резултат на Covid-19. Иако Ангелов не беше во контакт со соиграчите во последните денови, Тинекс Пролет ги презема сите неопходни чекори, тренажниот процес на првата екипа е прекинат, а за следната седмица е закажано колективно тестирање на сите членови на нашата екипа и на стручниот штаб. Му посакуваме на нашиот чувар на мрежата што побрзо оздравување и враќање на терените“, објави Пролет на официјалната веб-страница.
Искусниот чувар на мрежата дефинитивно ќе го пропушти рестартот од сезоната во Супер-лигата, закажан за 21 октомври.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА