Петар Ангелов ќе ја продолжи својата кариера во Германија, и тоа во третолигашот на оваа земја Ратинген со кого искусниот голман потпиша двогодишен договор. Главната препорака за овој трансфер дојде од долгогодишниот репрезентативен колега Ацо Јоноски, кој ја мина последната сезона во овој клуб, а заедно со Ангелов ќе биде дел од тимот и во наредната сезона.
Популарниот „Диви“ сезонава ја заврши во австрискиот прволигаш Кремс, каде настапуваше крај уште еден македонски ветеран, Влатко Митков.
И Митков исто така во следната сезона нема да биде дел од Кремс, откако се договори за трансфер во редовите на Брегенц.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА