Петар Атанасијевиќ до 2026 година во Еурофарм Пелистер

Петар Атанасијевиќ останува верен Еурофарм Пелистер, откако 19-годишникот потпиша договор до јуни 2026 година.

„Горди сме што заеднички соработуваме со најдобрите млади ракометари во земјата и тоа ќе остане тренд и во иднина. Петар како малолетник пристигна во нашиот клуб, но веќе е изграден ракометар, репрезентативец и сегашност и иднина на Еурофарм Пелистер“, стои во соопштението на РК Еурофарм Пелистер. 

По потписот Петар Атанасијевиќ вели дека му е чест што ќе остане во овој тим и дека се надева дека и во иднина ќе се радуваат на нови успеси.

„Да се игра во еден ваков клуб и со вакви играчи е голема чест. Догодина се надевам дека ќе напредуваме и пак ќе се се радуваме на трофеи. Секоја чест на екипата за победата над Вардар. Сите дадовме максимумот, и тие кои играа и тие кои не добија шанса. Се гледам во овој клуб и во иднина, и во наредните години. Млад сум и има уште многу време за мене и како ракометар и како личност“, изјави Петар Атанасијевиќ.

Се вчитува...