Петар Белистојаноски останува претседател на Карате федерацијата на Македонија откако на вонредното собрание одржано во саботата му беше изгласана доверба од делегатите на собранието.
На собранието беа присутни 68 делегати од исто толку клубови членки на Карате федерацијата на РС Македонија и со право на глас, како и претставници од Агенцијата за млади и спорт и Македонскиот олимписки комитет.
По спроведувањето процедурите за определување на Верификациона комисија, Записничар, Работно претседателство и Изборна комисија се премина на гласање. По пребројување на гласовите се констатира дека делегатите на актуелниот претседател Петар Белистојановски му изгласаа доверба со резултат 35 за, 31 против и 2 неважечки ливчиња.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА