Фудбалерот од Босна и Херцеговина Петар Бојо е првото засилување за дебитантот во Првата македонска лига, Воска пресрет пролетниот дел од сезоната во македонската елита. Играчот од средниот ред со долгогодишно искуство во босанската фудбалска елита денеска стави потпис на договор со охридскиот прволигаш.
Тој во Воска доаѓа откако одигра 143 натпревари на кои постигна 18 голови и 8 асистенции во босанската фудбалска елита, каде што во сезоната 2021/22 беше шампион со тимот на Зрињски Мостар.
Последен тим му беше Игман Коњиќ, додека во кариерата го носеше дресот на екипите на Железничар, Младост Какањ и НК Витез. Инаку, кариерата ја започна како млад во Широки Бријег, додека како 19-годишник се докажал и во чешкиот фудбал, во тимот на Јихлава.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

