Одбојкарската федерација на Македонија (ОФМ), попладнево во хотелот „Александар Палас“ во Скопје одржа Редовно Изборно Собрание на кое Петар Јовановски е реизбран за претседател на ОФМ.
Јовановски ќе го предводи Извршниот одбор составен од членовите: Ивица Хаџииљоски – потпретседател, Владо Милев – потпретседател и Хабил Ајети – потпретседател, како и членовите Кирил Калеников, Зоран Карановиќ и Никола Мицевски.
Одбојкарската федерација на Македонија во иднина ќе има нов генерален секретар, поранешниот македонски репрезентативец и интернационалец Филип Деспотовски, додека функцијата комесар за натпреварување и понатаму ќе ја извршува Сања Никчевиќ.
На Собранието новиот Извршен одбор и претседателот Јовановски како главни цели во нивната работа во иднина ги издвоија пласманот на машката сениорска репрезентација на ЦЕВ Европското првенство 2026, со кое ќе се задржи континуитет во настапите на континенталните собири, а во фокусот останува и работата со женскиот сениорски национален тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА