Петар Николоски следните три години во Бутел

Кадетскиот репрезентативец на Македонија, Петар Николоски, во иднина ќе настапува за тимот на Бутел Скопје.

Николоски, кој потекнува од Охрид и има само 16 години, а му се предвидува одлична ракометна иднина, потпиша на три сезони со клубот од скопската населба.

„Бутел Скопје ја продолжува својата мисија, да промовира млади македонски ракометари и да им дава шанса да ги покажат своите квалитети“, велат од клубот. 

Се вчитува...