Петар Петковски е слободен и ќе бара нов клуб летово

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија Петар Петковски, е слободен играч откако си заминува од Конкордија Чајна по само шест месеци откако дојде во романскиот тим.

Петковски (26) ова лето ќе бара нова средина, иако можно е останување во Романија, но во друг клуб. Исто така има опции за заминување и на Кипар.

Крилниот фудбалер во минатото беше дел од Работнички, Вардар, а веќе две години е во Романија, откако пред Конкордија го носеше дресот на Ботошани.

Се вчитува...