Петар Петковски: Среќен сум за головите, но поважни се победите на Работнички

Работнички оствари убедлива победа (5-1) над Македонија Ѓорче Петров во 16.коло на Првата фудбалска лига. Во триумфот со два гола придонесе младиот напаѓач Петар Петковски, кој се врати во тимот откако поради болест го прескокна дербито со Вардар.

„Добро е, врзавме две победи во низа, сега посакуваме серијата да продолжи и в среда на гостувањето против Беласица. Одигравме квалитетен натпревар, а мора да се истакне дека и Македонија ЃП имаше свои шанси кои не ги искористи. Среќен сум поради головите, но победите на тимот се секогаш на прво место. Одиме во посакувана насока, и веќе гледаме кон првите три позиции на табелата. Само вака да продолжиме“, изјави Петар Петковски за официјалниот сајт на клубот.

По 16 одиграни кола, Работнички се наоѓа на четвртата позиција на табелата со 23 освоени бода, а в среда ќе и гостува на Беласица во Струмица.

Се вчитува...