Словенечкиот ски-скокач Петр Превц стигна до победа на леталницата во словенечка Планица, на својот претпоследен настап во Светскиот куп пред заминување во пензија.
Превц победи на денешното натпреварување со скокови од 237.5 и 231 метар и беше подобар од второпласираниот Австриец, Даниел Хубер и третопласираниот Норвежанец, Форфанг.
Утре на програмата е тимското натпреваурвање на Планица, а во недела Петер Превц ќе се збогува од ски-скоковите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА