Студентот на Битолскиот Универзитет, насока безбедност, Петар Заборски доби златна плакета од раководството како признание за постигнатите резултати. Членот на карате клубот „Макпетрол“ летово освои златен медал на универзијадата во Мишколц и Дебрецен, Унгарија. Заборски моментaлно е меѓу Топ 10 каратисти на светската ранг листа на ВКФ (Светска Карате Федерација).
Петар Заборски досега има освоено пет златни и три сребрени медали од европски и од светски универзијади. Во поединечна конкуренција, дисциплина борби, тој трипати бил шампион на Европските универзијади во тежинската категоријата (-75 кг.). Зад себе има и сребрен медал во истата конкуренција.
Во екипните настапи тој како капитен на репрезентацијата, двапати освои златен медал во дисциплината борби за мажи за универзитетската репрезентација, еднаш е сребрен медалист и исто така има сребрен медал од светско првенство екипно во Самсун Турција.
Подетално, ова е преглед на најзначајните трофеи освоени од Петар Заборски: Куимбра, Португалија (2017), Загреб, Хрватска (2023) и Мишколц – Дебрецен, Унгарија (2024), златни метали поединечно; Лоѓ, Полска (2022), Загреб, Хрватска (2023) златни медали екипно; Загреб, Хрватска (2019), сребро, поединечно; Загреб, Хрватска (2019), сребро, екипно; Самсун, Турција (2023), сребро, екипно.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА