„Петарда“ на Брајтон против Шефилд Јунајтед

Брајтон им се врати на победите во Премиерлигата откако во 25. коло славеше на гостувањето кај „фенерџијата“ Шефилд Јунајтед со убедливи 0-5.

Убедливата победа на гостите ја олесна Холгејт кој доби директен црвен картон во 13. минута, а со играч помалку Шефилд Јунајтед беше инфериорен на теренот. Буонаноте донесе предност од 0-1 во 20. минута, а четири минути подоцна Велбек стрелаше за 0-2.

Овој резултат остана на семефорот до полувремето, а голеадата продолжи во вториот дел од мечот. Автоголот на Робинсон во 75. минута ја зголеми предноста на Брајтон, а Адингра со два гола во 78. и 85. минута ги постави конечните 0-5.

 

Се вчитува...