Клубовите ширум Европа продолжуваат со пријателските натпревари во пресрет на новата сезона. Денеска активни беа голем број на клубови меѓу кои и оние од „топ пет“ лигите на „стариот континент“ по кои убедлива победа од 5-2 забележа Лацио, додека минимално славеа Ливерпул (1-0) и Атлетико Мадрид (2-1).
Голеадата на Лацио против Тристина ја започна Алберто во 3. минута од мечот, а веќе до полувремето резултатот гласеше 4-0. До „петарда“ Лацио стигна во 69. минута од мечот по автоголот на Волта, додека Тристина поразот го ублажи со два гола во 87. и првата минута од судиското продолжение.
Избраниците на Јирген Клоп славеа со 1-0 против поранешниот клуб на германскиот стратег Мајнц, благодарение на автоголот на Килиан во 86. минута од мечот, додека победа од 2-1 против Нуманика по изведување на пенали забележа Атлетико Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА