Баерн Минхен ја продолжува, како така, битката за шампионската титула во Бундеслигата по триумфот од 2-5 на гостувањето против Дармштад во 26. коло.
Баварците лошо го почнаа денешното гостување со Дармштад откако домашните дојдоа до предност од 1-0 во 28. минута. Но, набрзо потоа Мусиала израмни во 36. минута, а Кејн во 45. минута веќе донесе предност од 1-2 пред полувремето.
Во вториот дел, повторно погоди Мусиала во 64. минута за 1-3, а Гнабри во 74. минута веќе донесе 1-4, за да Тел во 93. минута стрела и за 1-5. Домашните преку Вилхелмсон во 97. минута само го ублажија поразот за конечни 2-5.
Во останатите дуели од 26. коло, Унион Берлин славеше против Вердер со 2-1, Мајнц го победи Бохум со 2-0, а Хајденхајм и Менхенгладбах ремизираа (1-1). Аугсбург триумфираше со 1-3 на гости против Волфсбург.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА