„Петарда“ од Јувентус за Кремонезе (ВИДЕО)

Јувентус му сервираше „петарда“ на Кремонезе во 20. коло од Серија А.

Победата на „Старата дама“ од 5-0 беше најавена со голот на Бремер уште во 12.минута, а веќе во 15. минута Дејвид зголеми на 2-0.

Гостите во 27. минута останаа со играч помалку по исклучувањето на Никола, па сето тоа беше искористено од домашните за дополнително полнење на противничката мрежа.

Во 35. минута Јилдиз зголеми на 3-0, иако претходно не успеа да погоди од белата точка, но реализираше по одбиената топка.

Во вториот дел, Терачиано во 48. минута си постигна автогол за 4-0, а конечните 5-0 ги постави МекКини во 64. минута од средбата.

Се вчитува...