„Петарда“ од Њукасл за Астон Вила на отварањето на Премиерлигата

Њукасл Јунајтед забележа преубедлива победа на отварањето на новата сезона во Премиерлигата. Клубот кој во новата сезона ќе настапува во Лигата на Шампионите славеше со 5-1 против Астон Вила.

Голеадата ја започна Тонали со деби гол уште во 5. минута од натпреварот, а откако Диаби изедначи на 1-1 во 11. минута следеше доминација на домаќините. Исак во 16. минута го врати Њукасл во предност, а потоа донесе и 3-1 затресувајќи ја мрежата во 58. минута.

Вилсон во 77. минута стрелаше за 4-1, а конечниот резултат го постави Барнс во 91. минута.

Се вчитува...