Фудбалерите на ПСЖ славеа убедлива победа од 5-0 против Марсеј во 21. коло од Лига 1.
Уште од самиот почеток беше јасно кој е кој на натпреварот. ПСЖ поведе со 2-0 со головите на Дембеле во 12. и во 37. минута од средбата.
Во второто полувреме, најпрво Медина во 64. минута си постигна автогол, потоа Кварацхелија во 66. минута зголеми и на 4-0, а конечните 5-0 ги постави Ли Канг-Ин со голот во 74. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

