Македонскиот репрезентативец Езгијан Алиоски и неговиот Лугано се пред елиминација во Конференциската лига на УЕФА откако доживеаја вистински дебакл пред своите навивачи во 3. квалификациско коло.
Лугано на домашен терен загуби со 0-5 од словенечки Целје во натпревар во кој Алиоски го одигра целиот дуел и беше најдоброоценет фудбалер во швајцарскиот состав.
Во Конференциската лига пораз доживеа и поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Алекса Амановиќ кој во дресот на казахстанска Астана одигра 71 минута на гостувањето против Лозана.
Тимот од Швајцарија, кој во претходното коло го елиминираше Вардар, сега во првиот меч од 3. квалификациско коло славеше со 3-1 против Астана.
Во 3. коло од квалификациите во Лигата на Европа, романски Клуж загуби со 1-2 на домашен терен од португалска Брага. Македонскиот напаѓач Марко Ѓорѓиевски ги одигра само последните пет минути на дуелот во кој се беше решено претходно.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

