Дебаклот на Саутемптон во 16. коло од Премиерлигата и преубедлиот пораз од Тотенхен со 0-5 беа кобни по тренерската позиција на Расел Мартин кој официјално доби отказ.
За 38-годишниот стратег тоа беше прв ангажман во Премиерлигата кој го доби самиот со оглед на тоа што го предводеше Саутемптон до четвртата позиција на табелата во Чемпионшипот, а потоа и до победи над Вест Бром и Лидс во доигрувањето за место во елитниот англиски фудбал.
Тренерската позиција во Саутемптон ќе ја наследи Симон Руск, тренерот на младинскиот тим на овој клуб, но само привремено додека не се најде адекватна замена.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА