Црвена звезда го декласираше Партизан во вечното дерби на српскиот кошаркарски шампионат со убедливи 87-62, резултат со кој „црвено-белите“ уште еднаш покажаа дека резултатската криза е надмината со заминувањето на тренерот Алимпијевиќ.
Партизан уште на самиот почеток од мечот се соочи со сериозен проблем поради повредата на Вања Маринковиќ, тоа сериозно се одрази врз играта на „црно-белите“, кои на крајот претрпеа убедлив пораз од вечниот ривал. Црвена звезда веќе во осмата минута стигна до првото двоцифрено водство (20-10), по што Перо Антиќ и соиграчите лесно го контролираа резултатот, на крајот триумфирајќи со убедливи 25 поени разлика.
Македонскиот интернационалец го заврши натпреварот со пет поени (1/6 од поле) и три скока, а најефикасни кај Црвена звезда беа Рочести со 21 и Омиќ со 15 постигнати поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА