Петка на Лазаров во ремито на Нант, победа на Монпелје против Сесон

Кире Лазаров со тимот на Нант освои само бод на гостувањето кај Ним (29-29) во натпреварот од 22.коло во француската лига. Македонскиот капитен одигра уште еден одличен натпревар во дресот на Нант, постигнувајќи пет гола од шест обиди. Лазаров беше втор стрелец во својот тим со еден гол помалку од Еспен Ли Хансен. Но, сето тоа не беше доволно за триумф на Нант на овој натпревар.

Нант е на третото место на табелата со 31 бод зад Монплје со 39 и ПСЖ со 37.

Другите две екипи од водечката тројка во францускиот шампионат која сезонава ќе настапи на Ф4 турниорот од ЛШ во Келн, славеа победи во ова коло.

Противникот на Вардар во полуфиналето на Ф4, тимот на Монпеплје на домашен терен го победи Сесон со 33-27, а ПСЖ беше супериорен во дуелот со Тулуз (33-28).

Десниот бек Мелвин Ричардсон го предводеше Монплеје со девет гола, а одлична партија на голот имаше Винсент Жерар со 16 одбрани.

Се вчитува...