Дејан Манасков и Веспрем прокнижија нови бодови во унгарскиот шампионат, иако многу потешко од очекувањата актуелниот рпвак го скрши отпорот на екипата на Татабања (28-31).
Прогнозите беа дека Веспрем со леснотија ќе го реши овој ривал, но Татабања изненади со извонредниот напад во првото полувреме и водството од 18-16. Тренерот Врањеш направи корекции во одбраната, па ракометарите на Веспрем во вторите 30 минути примија само десет гола, правејќи пресврт и стигнувајќи до нова победа.
Манасков беше меѓу најдобрите поединци на натпреварот со пет постигнати погодоци, втор стрелец на Веспрем зад Момир Илиќ, кој шест пати ги матираше домашните голмани.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА