Дејан Манасков продолжува со добри игри во дресот на Веспрем кога и да добие шанса од тренерот Врањеш. Тоа беше случај и на денешното гостување против Чургои, на кое актуелниот првак на Унгарија очекувано славеше со 19-33.
Манасков и соиграчите дилемите за победникот ги решија уште во првото полувреме стигнувајќи до водство од 9-17, за потоа со рутинска игра да си ги осигураат новите бодови.
Македонското лево крило го заврши натпреварот со пет постигнати погодоци, со што беше втор стрелец на Веспрем, зад Словенецот Гајиќ со девет гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА