Мартин Томовски и Постдам ќе почекаат на првата победа во Бундес-лигата откако оваа екипа претрпе пораз и во второто коло од новата сезона, овојпат на гостувањето против Мелсунген со резултат 31-23.
Тимот предводен од Парондо знаеше како ја да оправда фаворитската улога, по првото полувреме имаше предност од убедливи 18-10, позитива што во вториот дел домаќините рутински ја одржуваа се до конечната победа.
Томовски го заврши натпреварот со скромни за него пет интервенции, една помалку од одбраните на Ферјан како втор голман на Постдам. Најефикасни во победничкиот тим, кој ќе му биде ривал на Вардар во групната фаза од Лигата на Европа, беа Кастенинг и Ендерлеит со по пет погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА