Петковиќ го „блокира“ трансферот кај Барди во Трабзонспор поради љубомора

Преговорите меѓу Динамо Загреб и Трабзонспорт околу трансферот на Бруно Петковиќ се прекината, тврди турски „Милијет“ поради новите барања на хрватскиот напаѓач за далеку повисока плата.

Турците тврдат дека Петковиќ сега бара годишна плата од 1,8 милиони евра, а дека барањето го предал дури откако видел дека Оршиќ доби 1,6 милиони евра по сезона. Како што пишат Турците, Петковиќ е љубоморен на својот досегашен соиграч и сака повисока плата од него.

А, што се однесува до клубовите, тие веќе се договорија Динамо да добие три милиони евра отштета.

Петковиќ би дошол во тимот каде игра Енис Барди, на инсистирање на тренерот Ненад Бјелица со кого соработуваа во Динамо. „Модрите“ најпрво бараа 4 милиони евра за трансферот на Петковиќ, но на крај постигнат е договор за 3 милиони евра да се пресели во Турција.

Петковиќ во минатото настапуваше и за италијанските Катанија, Верона и Болоња, а минатата сезона за Динамо Загреб одигра 42 официјални натпревари, постигнувајќи 14 гола со 9 асистенции. За Хрватска има 38 настапи со осум постигнати погодоци.

Се вчитува...