Хајдук Сплит славеше против Динамо Загреб со 1-2 на отворањето на новата сезона во хрватската Суперлига.
Трагичар на овој меч е напаѓачот на домашните Бруно Петковиќ кој и покрај голот за водство од 1-0 во 35. минута, во вториот дел во 65. минута не реализираше пенал.
Казната стигна само девет минути подоцна кога Марко Ливаја израмни на 1-1, додека конечните 1-2 беа дело на Пукшташ во 93. минута. Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Стефан Ристовски беше стартер за својот тим и го одигра целиот меч.
Bruno Petkovic penaltıyı kaçırdı. pic.twitter.com/US7VWjzykk
— Burak Zihni 🇹🇷 (@burakzihni61) July 21, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА