Се поголем е бројот на македонски ракометарки кои летово ги напуштаат нашите клубови и се решаваат за трансфер во странство. Последна во низата е Елена Петковска, која реши да си замине од редовите на Металург и да се пресели во Полска.
Актуелниот вицешампион Лублин ќе биде новиот клуб на десното крило на македонската репрезентација, откако Петковска ја прифати понудата за двогодишна соработка со оваа екипа.
Нема сомнеж дека работата во максимално професионален клуб ќе биде од полза за 20-годишната ракометарка, која верува дека со максимална ангажираност на тренинзите ќе се избори за солидна минутажа на натпреварите на Лублин не само во полското првенство, туку и во европските купови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА