Петковски го напушти Работнички и се враќа во романска Конкордија

Крилниот офанзивец Петар Петковски ги напушти редовите на Работнички, и повторно се врати во редовите на романскиот второлигаш Конкордија Чиајна од каде пред една година пристигна меѓу „романтичарите“.

Петковски се одлучи да ја прифати понудата од Конкордија за нов договор и повторно враќање на интернационалната сцена.

Од ФК Работнички и официјално му се заблагодарија на досегашната соработка.

Се вчитува...