Андреј Петковски пристигна летово на голот на Тинекс Пролет од редовите на Голден Арт, а младиот голман уште на стартот од новата сезона покажува дека станува збор за огромен потенцијал.
Тој бранеше во одлична форма во првото полувреме од дуелот со Прилеп, кога беше создадено двоцифрено водство што беше претворено во третата победа во низа на почетокот од новата сезона
„Прилеп е тим што солидно ја отвори сезоната, знаевме дека не е за потценување и дека ќе мораме да одиграме максимално. Сконцентрирано влеговме во натпреварот, со добра тактичка и физичка подготовка иако имавме три натпревари во последните седум дена. Влегуваме во ритам, од меч во меч сме се подобри, што е многу важно. Резултатите од овие три кола најавуваат дека ова ќе биде тешка и многу израмнета сезона“,вели Петковски.
Младиот голман е задоволен од својата форма на почетните натпревари, очекувајќи таа да продолжи да се движи во нагорна линија како што ќе одминуваат натпреварите.
„Лично сум задоволен од она што го прикажувам на стартот од сезоната. Најважно е што постои многу добра комуникација внатре во екипата, што е од огромна помош за мене како млад играч. Како што ќе одминува сезоната, очекувам уште подобри партии и резултати“, порачува Андреј Петковски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА