Џенаро Гатузо ја напушти Фиорентина со надеж дека експресно ќе ги финишира преговорите со Тотенхем, но екс-тренерот на Елиф Елмас во Наполи на крајот извиси, откако лондонскиот клуб реши да не го ангажира за свој предводник за наредната сезона.
Според британските медиуми, иако бил одржан состанок меѓу Тотенхем и Гатузо раководството на клубот воопшто не било воодушевено од неговиот концепт и визија за иднината на клубот. Згора на тоа, фановите бурно реагираа на веста дека токму Гатузо би можел да седне на клупата на „спарси“, вршејќи притисок по кој управата на клубот реши воопшто да не ги продолжи преговорите.
Потрагата по нов стратег продолжува, откако „спарси“ во изминатиот период беа одбиени и од Конте и од Покетино, а во последен момент пропадна договорот со екс-тренерот на Рома, Паоло Фонсека.
Лондонскиот клуб повторно ќе се обиде да го ангажира Ерик Тен Хаг, кој неодамна потпиша нов договор со Ајакс, но управата на „спарси“ верува дека со плаќање на отштета на холандскиот првак ќе успее да го доведе овој стручњак во своите редови.
Gennaro Gattuso will not be new #THFC manager
▪️ Latest twist sees Tottenham end talks
▪️ Club now two months without manager
▪️ Gattuso’s historic comments about women, homophobia angered fans
▪️ Flick, Pochettino, Conte, Fonseca have all hit dead endsMore from @David_Ornstein
— The Athletic UK (@TheAthleticUK) June 18, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА