„Петлите“ Мбапе и Жиру во караница: Мбапе барал и да се обрати на јавноста, но ситуацијата смирена (ФОТО)

Оливие Жиру постигна два гола во победата на Франција од 3-0 против Бугарија откако влезе во игра на местото на Карим Бензема.

Но, не беше задоволен од соработката со Килијан Мбапе и тоа по мечот јасно го потенцираше.

„Бев невидлив затоа што секогаш кога ќе истрчам во напад не добивам топки“ – рече Жиру, алудирајќи на себичноста на Мбапе.

Л’Екип тврди дека Мбапе бил толку лут на оваа изјава што планирал и брифинг со медиумите како би и се обратил на јавноста. Но, селекторот Дешамп го одбил неговото барање да му се овозможи тоа, порачувајќи му да се фокусир на Европското првенство.

За проблемот меѓу Мбапе и Жиру зборуваше и Пол Погба, кој рече дека ништо посебно не се случува меѓу нив двајцата.

Денешниот тренинг, сепак, донесе помирување ако се суди според фотографиите од подготовките на „петлите“.

Се вчитува...