Петнаесет години од најлудото финале во ЛШ – чудесниот камбек на Ливерпул

Пред точно 15 години во Истанбул беше одиграно најлудото финале во историјата на Лигата на Шампионите, кога Ливерпул на чудесен начин се врати од негатива од 0-3, стигна до 3-3 и потоа на пенали славеше над моќниот тим на Милан за кој настапуваа Шевченко, Креспо, Кака, Малдини, Гатузо…

„Црвените“ беа нокаутирани откако Паоло Малдини по само 50 секунди игра го донесе Милан во водство, а до крајот на полувремето Креспо со уште два гола донесе убедлива предност на „росонерите“. И кога сите очекуваат Ливерпул да биде „дотолчен“ во вторите 45 минути – се случи чудо, откако избраниците на Рафа Бенитез собраа сили за камбек. Стивен Џерард со прекрасен гол со глава донесе ронка надеж, за потоа во пеколни 14 минути Ливерпул да стигне и до израмнување, благодарение на Шмицер и на Чаби Алонсо.

Милан промаши неколку одлични шанси до крајот и во продолжението, а во пенал-рулетот на сцена стапи Јиржи Дудек, кој му ја донесе титулата на Ливерпул.

Се вчитува...