Петнаесет години Паком Kомпани, со поддршка и донации за заедницата

ПАКОМ Македонија прославува 15 години од своето постоење.

Првично основана во 1992, ПАКОМ во 2006та станува членка на групацијата М САН, една од најголемите хрватски ИТ компании. Денес ПАКОМ Компани е водечки дистрибутер во С. Македонија, Косово и Албанија на производи од реномирани светски производители, поделени во три сегменти: потрошувачка електроника и ИТ, портфолио од хардвер и софтвер производи, како и Vivax и MS Energy бренд за е-мобилност.

Фокусот на ПАКОМ низ годините е максимална партнерска поддршка и оптимизација на сите дистрибутивни процеси, со цел да обезбеди на партнерите непречено работење и компетитивна предност на пазарот.

Општествената одговорност е составен дел од стратегијата на ПАКОМ. Во досегашното 15 години постоење, ПАКОМ има реализирано бројни проекти за поддршка и помош на оние кои им е најпотребно, постојано во потрага по различни проекти и начини како да придонесе во развојот на сите општествени сегменти.

„Дефинитивно, една од нашите најважни стратешки определби е поддршката на заедницата од која сме и ние дел. Свесни сме за исклучителната важност во развојот и поддршката во што повеќе сегменти. Доколку постои развој постои можноста и ние да продолжиме да растеме и да се развиваме. Им благодариме на нашите партнери и соработници за сета доверба и посветеност во изминатите годините, Паком Компани продолжува како лидер во дистрибуција за информатика и потрошувачка електроника, дистрибутер на кој нашите соработници, општество и граѓани ќе може да сметаат уште долги години. изјави г-ѓа Маргарета Гњатовиќ Спиров, Генерален директор на Паком Компани.

Во јубилејната година, ПАКОМ прославува со донации кои се насочени кон обезбедување материјална поддршка, со материјални добра односно производи на брендовите кои ги застапува, за неколку институции и поединци:

  • Центар за помош на лица со ментален хендикеп „Порака“ – Неготино
  • Државно училиште за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ – Скопје
  • Национална федерација за спорт и рекреација на инвалиди на С. Македонија – Параолимписки комитет на С. Македонија
  • Проект „Вистински дела на љубезност“ реализиран од НВО „Љубезност“
  • Поддршка во материјални добра, со цел подобрување на квалитетот на животот на социјално – загрозени семејства од ранливи категории во скопската населба Шутка

Проектите и поддршката од ваков тип е секогаш поттик за нови проекти кои ќе придонесат за подобрување на животот и посигурна иднина за сите.

Среќен роденден ПАКОМ!

Се вчитува...