Џенова на нашиот Горан Пандев ремизираше во првиот натпревар во 2022 година откако гостувањето кај Сасуоло во 20. коло го заврши со 1-1. Дестро во 7. минута донесе предност за гостите, а изедначувањето за домаќините го донесе Берарди во 55. минута.
Поранешниот македонски репрезентативец шанса доби во 75. минутна на местото на стрелецот на голот Дестро, но не успеа да му помогне на својот тим да стави крај на серијата од 16 натпревари без победа во Серија А.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА