Петр Чех е спортски феномен: На 42 години е МВП на хокеарски натпревар

Петр Чех уште еднаш потвди дека е спортски феномен откако легендарниот голман на Челси имаше уште еден незаборавен натпревар, и тоа во хокеј на мраз.

Овој 42-годишен чувар на мрежата по завршувањето на кариерата кратко време беше директор на Челси, по што си замина и почна хокеарска кариера како член на Оксфорд Сити старс, аматерски тим што се натпреварува во НИХЛ јужната дивизија.

Тој блескаше на последниот меч со Стритхем што неговиот тим го доби со 3-2, а Чех беше нверојатен на голот, бранејќи дури 62 удари од вкупно 64-те што беа упатени кон него.

Петр Чех заслужено се закити со МВП признанието, што е втора награда за најкорисен играч за искусниот голман, откако првата ја доби на дебито на хокеарската кариера.

Се вчитува...