Проблемите на Арсен Венгер околу составот на Арсенал дополнително се зголемија откако беше обелоденето дека Петр Чех ќе мора да паузира еден месец по повредата заработена на дуелот со ВБА. Чешкиот голман се повреди при обид да ја шутне топката во својот шеснаесетник и веднаш беше заменет со Давид Оспина, а прегледите покажаа дека станува збор за кинење на мускулот, поради што се препорачува пауза од триесетина дена.
Ова значи дека Венгер нема да може да смета на Чех за големото дерби со Манчестер сити во следното премиерлигашко коло, а искусниот голман ќе ги пропушти и натпреварите против Вест хем, Кристал палас и Мидлсброу. Во таборот на Арсенал се надеваат дека првиот голман на клубот ќе успее да се рехабилитира навреме за да настапи во полуфиналето од ФА Купот на Англија, што „топчиите“ ќе го играат на 23 април против Манчестер сити.
Петр Чех е уште еден од низата фудбалери кои имаат договор со Арсенал до 2018 година, но се уште нема ниту стартувано преговори за продолжување на соработката со лондонскиот клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА