Петр Чех потпиша за клуб – во хокеј на мраз

Петр Чех со години беше вбројуван меѓу најдобрите светски фудбалски голмани, а чешкиот ас сега е подготвен да се испроба и во друг спорт, и тоа хокеј на мраз. Тој потпиша едногодишен договор со екипата на Гилфорд Феникс, клуб што се натпреварува во британската лига во овој спорт, а дебито на Чех се очекува веќе викендов.

Тој веднаш по завршувањето на фудбалската кариера почна да тренира во Гилфорд, најпрвин како хоби, за сега да реши да се обиде и професионално да игра хокеј.

„Пресреќен сум што ќе добијам шанса од клубот да играм за Гилфорд Феникс. По 20 години во фудбалот ова ќе биде прекрасно ново искуство во спорт што многу го сакав како дете. Се надевам дека ќе му бидам од помош на мојот нов клуб“ – изјави Петр Чех.

Се вчитува...