Петр Чех растура и на хокеј, одбрани два пенала и беше МВП (ВИДЕО)

Поранешниот голман на Челси и на Арсенал, Петр Чех со побоеда ја почна новата кариера. Тој дебитираше во втората англиска хокеарска лига за Гилфорд Финикс, а неговиот тим стартуваше со триумф над Свиндон по изведувањето пенали. 2-2 беше на крајот на средбата, а во дополнителното време немаше голови. Чех одбрани уште во првата серија, а потоа и уште еднаш и му донесе на новиот тим триумф.

Петр Чех кој има 124 настапи за Чешка, има четири премиерлигашки титули, трофеи во Лигата на шампионите и во Лига Европа најави дека ќе настапува за Гилфорд кога ја завршуваше кариерата на крајот од минатата сеозна. Тој е трет голман во клубот. Тренира кога ќе му дозволи распоредот во Челси каде што остана да работи како советник.

 

 

 

Се вчитува...