Петр Чех се враќа во Челси како спортски директор

Легендарниот чешки голман Петр Чех ќе се врати на „Стемфорд бриџ“ во улога на спортски директор по завршувањето на сезоната. Тој ќе стави крај на 20-годишната активна кариера и ќе ја прифати понудата на Челси за да биде дел од раководниот тим, задолжен за спортски прашања и трансфери во клубот. Најавите се дека ќе замине и Маурицио Сари од менаџерската позиција, а ќе се врати уште една клупска легенда, Франк Лампард.

Чех мина 11 години во редовите на Челси, освои 13 трофеи, од кои четири пехари од Премиер – лигата и еден во Лигата на шампионите, по што одлучи да се пресели во лондонскиот ривал Арсенал. Токму против „својот“ Челси ќе игра во финалето на Лигата на Европа во Баку, на 29 мај.

Се вчитува...