Петр Чех е именуван за технички советник во клубот во кој мина 11 сезони. Поранешниот голман на „сините“ по четири сезони во Арсенал и по финалето во УЕФА Европа лигата ја заврши карирата. Чех од Челси во Арсенал премина во 2015 година. Претходно во 11-те години во Челси освои 13 трофеи меѓу кои четири премиерлигашки титули и една во Лигата на шампионите.
„Се чувствувам особено привилигиран што ја добив оваа можност да се вратам во Челси и да помогнам да се создаде средина во ќе има големи постигнувања и ќе биде прдолжен успехот што клубот го имаше во изминатите 15 години. Му се радувам на новиот предизвик и се надевам дека ќе можам сето мое фудбалско знаење и искуство да ги искористам за да му помогнам на тимот во уште поголеми успеси“ – изјави Чех кој тесно ќе соработува со директорката на Челси, Марина Грановскаја.
Во официјалната објава од Челси се вели дека Чех ќе биде значаен дел од клубот, ќе советува, а ќе биде и главната врска меѓу академијата и првиот тим. Челси е под забрана за трансферио во два преодни рока, казна изречена од ФИФА проад прекршување на Финансискиот фер плеј.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА